Достапни линкови

Ирачкиот претседател не сака да се погуби поранешниот премиер


Претседателот на Ирак Џалал Талабани

Претседателот на Ирак Џалал Талабани

Претседателот на Ирак Џалал Талабани изјави денеска дека никогаш нема да потпише наредба да се погуби поранешниот претседател на владата во времето на Садам Хусеин, Тарик Азиз. Такво решение нема да потпишам бидејќи сум социјалист. Сочуствувам со Азиз, затоа што тој е христијанин и стар човек и нема да потпишам наредба за негово погубување, изјави Талабани. Азиз кој има 74 години е во затвор од 2003 –та. Тој е осуден на смрт, поради прогонство на шиитските партии. Ирачкиот претседател смета дека треба да се прекине со погубувањето на луѓето, освен на оние кои ги извршиле злоделата во една катедрала во Багдад на 31 октомври, кога беа убиени 44 верници и двајца свештеници. Талабани рече дека Ирак отсега треба да води политика на простување и на национално помирување.
XS
SM
MD
LG