Достапни линкови

logo-print

Недоволен интерес за ИПАРД фондовите


Расте, но се уште не е доволен интересот на земјоделците за користење на средства од ИПАРД Фондовите.

Потребни се повеќе апликации од земјоделците за оптимална искористеност на овој дел од европските пари, наменет за приближување на земјоделската дејност до евростандардите. Упатените дополнуваат и дека за нашите земјоделци процесот за аплицирање не е едноставен. Агрономот Васко Златковски вели дека условите за апликација се ригорозни.
Се уште сме многу далеку од вистинскиот обем на потенцијални корисници кои би можеле да го користат овој инструмент за да го доведат македонското земјоделство на ниво на она кое постои во рамките на ЕУ.

„Од причини што не сме ни биле навикнати да работиме на друг начин, зборувам за приватниот сектор, а тоа е дека треба да се биде регистриран земјоделец, редовно да се плаќаат сите придонеси и други обврски кон државата, понатаму да се има финансиски план, да се имаат подмирено сите тековни обврски кон добавувачи, да биде решен имотниот статус на целокупниот имот со кој располага земјоделецот, треба да се има доволно средства за да се „изнесе“ целата инвестиција и дури потоа да се добие половина од т.н. прифатливи трошоци.“

Не регистрираниот земјоделец, но и незнаењето да се пополнат апликациите, главна причина за недоволната искористенот на ИПАРД фондовите

Се навикнуваме, но далеку сме од исполнување на потенцијалот, додава Златковски:

„Се уште сме многу далеку од вистинскиот обем на потенцијални корисници кои би можеле да го користат овој инструмент за да го доведат македонското земјоделство на ниво на она кое постои во рамките на ЕУ.“

И земјоделците кои ги консултиравмње сметаат дека критериумите се комплицирани. Борче Дрвошанов вели дека годинава се уште не аплицирал за пари од ИПАРД фондовите:

„Па што знам не сум размислувал за тоа, ако има нешто ќе видам. Малку е тешко како што кажуваат.“
Земјоделците, тоа е хронична болест, дека ние немаме пари за да инвестираме или да платиме кај некоја друга Агенција која со пари ќе ни ги пополни овие апликации.

Позитивна работа е што интересот постои, вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев:

„Позитивно е тоа што расте оптимизмот кај земјоделците, дека секој земјоделец може да добие дел од овие средства и дека овие средства не се наменети само за одредена група земјоделци.“

На земјоделците им е потребно повеќе бесплатна опомош за пополнување на апликациите, додава Шаклев:

„Земјоделците, тоа е хронична болест, дека ние немаме пари за да инвестираме или да платиме кај некоја друга Агенција која со пари ќе ни ги пополни овие апликации.“

Инаку ИПАРД фондовите меѓу другото се наменети и за подобрување на земјоделските стандарди, производството и однесувањето на пазарот во земјата која сака да пристапи кон Европската унија во согласност со нормите кои владеат на европскиот пазар.
XS
SM
MD
LG