Достапни линкови

logo-print

СРД по волја на власта


И покрај противењата на новинарите и на експертската јавност, владејачкото мнозинство експресно ги донесе измените на Законот за радиодифузија.

И покрај противењата на новинарите и на експертската јавност, владејачкото мнозинство експресно ги донесе измените на Законот за радиодифузија.

Јасна е намерата за контрола на медиумите, велат новинарите кои бараат од претседателот Иванов да не го потпише Законот за радиодифузија.

По замолчувањето на критичките медиуми и отпуштањата на новинари, новите членови на Собранието по предлог на владејачката партија експресно ги донесоа измените на Законот за радиодифузна дејност и покрај противењето на медиумските здруженија. Власта остана нема на барањето на ЗНМ, МИМ и самостојниот новинарски синдикат предлогот да биде повлечен, бидејќи не беа консултирани засегнатите страни, што претставува обид за целосно контрола на тоа регулаторно тело. Власта не покажа слух ниту за критиките од ЕУ и меѓународната заедница за
Во ниту една демократска земја, ако Македонија претендира да биде демократска земја, тоа не може да успее. Ако имаат намера да ги сменат правилата на игра, ако сакаат да ја загрозат, не само слободата на медиумите, туку практично да ни го загрозат и правото да мислиме поинаку, тогаш веќе навистина имаме проблем.
состојбата со слободата на медиумите во земјава. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, вели дека побарале средба со претседателот Ѓорге Иванов на која ќе побараат да не го потпише законот.

„Затоа што навистина ќе испратиме многу лоша порака внатре во Македонија и се разбира кон ЕУ и сите наши сојузници.“

Селмани додава дека е јасно оти власта има намера да ги контролира, не само медиумите, туку се во земјата.

„Во ниту една демократска земја, ако Македонија претендира да биде демократска земја, тоа не може да успее. Ако имаат намера да ги сменат правилата на игра, ако сакаат да ја загрозат не само слободата на медиумите, туку практично да ни го загрозат и правото да мислиме поинаку, тогаш веќе навистина имаме проблем не само ние како новинари, туку ќе имаме проблем и како два милиони граѓани.“

Не само медиумите, очигледно власта има намера да контролира се во земјата, велат од ЗНМ.

И комуникологот Климе Бабунски вели дека сето тоа се прави за да се добие институционална гаранција дека нештата ќе се одвиваат по волја на власта.

„Сосема е јасно дека всушност се создава сцена и клима во која јавната демократска комуникација е речиси невозможна затоа што таквата состојба директно произведува или генерира автоцензура.“

Комуникологот Сеад Џигал вели дека проблемот е во тоа што во моментов постои едно хиерархиско делување на власта во која не се
Сосема е јасно дека всушност се создава сцена и клима во која јавната демократска комуникација е речиси невозможна затоа што таквата состојба директно произведува или генерира автоцензура.
консултираат другите чинители.

„Тој процес некако е премногу еднодимензионален, се обидува формално да се справи со проблемите, но не и на длабински начин да се осврне на се она што му недостасува на медиумскиот простор. Тој расчекор помеѓу законодавецот и оние кои што се практично учесници во медиумската сфера е еден од клучните проблеми и последните случувања воопшто не ги спречуваат, односно не се справуваат со нив.“

Од ЗНМ велат дека ако не успеат да го убедат Иванов законот да не стапи во сила ќе размислуваат за повлекување на нивните членови од Советот за радиодифузија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG