Достапни линкови

logo-print

Турција ќе ги замрзне односите со ЕУ кога Кипар ќе преседава


Турција ќе ги „замрзне“ односите со Европската унија кога Република Кипар, со која Анкара нема воспоставено дипломатски односи, ќе претседава со Европската унија, изјави Премиерот Реџеп Ердоган за истанбулскиот весник „Милиет“, по повод денешната посета на северниот дел на Кипар, кој е признат само од Анкара.
Република Кипар би требало во втората половина на 2012 година да го преземе шестмесечното претседавање со ЕУ, а Анкара не ја признава Владата во Никозија.
Турција се залага за забрзување на преговорите, кои под покровителство на ОН се водат меѓу кипарските Грци и кипарските Турци, со цел да се пронајде решение за кипарското прашање.
XS
SM
MD
LG