Достапни линкови

Мурдок на сослушување


Демонстрант од организацијата Аваз со маска на медиумскиот магнат Рупер Мурдок држи кукла со ликот на британскиот премиер Дејвид Камерон пред Парламентот во Лондон на 13 јули 2011 година.

Демонстрант од организацијата Аваз со маска на медиумскиот магнат Рупер Мурдок држи кукла со ликот на британскиот премиер Дејвид Камерон пред Парламентот во Лондон на 13 јули 2011 година.

Шефот на Њуз Коропорацијата, Руперт Мурдок, и неговиот син Џејмс денеска се сослушуваат во Парламентот поради скандалот прислушкување кој доведе до затворање на магазинот „News of the World“ – дел од нивната медумска корпорација. Скандалот предизвика големи политички потреси во Велика Британија.

Сослушувањето на Руперт Мурдок пред британската парламентарна комисија е накратко прекинато, откако еден човек се обиде да го нападне Мурдок. Полицијата го уапси човекот.
До сослушувањето на медиумскиот магнат Руперт Мурдок и неговиот син Џејмс доаѓа по вчерашната оставка на лондонскиот заменик полициски комесар Џон Јејтс, кој пред две години не отвори истрага за
За жал во јавноста продолжува да се објавува голема количина на непотврдени информации и гласини за мене лично. Тоа има големо влијание врз мојата сегашна работа во борбата против тероризмот.

прислушкување поврзани со таблоидот „News of the World“. Еве што тој изјави:

„Станува збор за големо лично жалење за оние кои беа погодени поради телефонското прислушување. За жал во јавноста продолжува да се објавува голема количина на непотврдени информации и гласини за мене лично. Тоа има големо влијание врз мојата сегашна работа во борбата против тероризмот.“

Во неделата оставка поднесе и шефот не Метропилитен полицијата, Пол Стивенсон.

Медиумскиот могул Руперт Мурдок пред комисијата на англискиот парламент рече:

„Ние се чувствуваме засрамени од она што се случи, и затоа одлучивме дека весникот треба да се затвори.“

А неговиот син Џејмс Мурдок, кој раководи со медиумската корпорација во Велика Британија, им се извини на жртвите на прислушкување од страна на нивниот неодамна затворен весник News of the world.

Мурдок тврди дека тој нема голем удел во весникот, бидејќи тоа е само мал дел од неговата голема корпорација.

Подоцна денеска, поранешната директорка на британскиот дел од корпорациајта, Ребека Брукс , која беше уапсена и пуштен со кауција на 17 јули во врска со скандалот, исто така, ќе одговори на пратеничките прашања.

Политички импликации

Британскиот премиер Дејвид Камерон поради скандалот со прислушувањето ќе ја скрати турнејата низ Африка и ќе се врати во Лондон денеска, еден ден порано од предвиденото. Според еден негов советник, Камерон се враќа за да го подготви говорот што ќе го одржи во парламентот утре изутрина.

Руперт Мурдок

Од друга страна, некогашниот новинар на згаснатиот британски таблоид News of the world, Шон Хор, кој меѓу првите укажа на скандалот со прислушувањето, е пронајден мртов во својата куќа во Вотфорд, соопшти британската полиција. Според соопштението, неговата смрт се води како неразјаснета. Весникот Гардијан наведува дека Хор имал долготрајни проблеми со алкохолизмот и со дрогата.

Мурдок, инаку се извини по откривањето на скандалот со неговиот
Ние се чувствуваме засрамени од она што се случи, и затоа одлучивме дека весникот треба да се затвори.
таблоидот News of the world, кој во Велика Британија се печатеше 168 години. Одлуката за затворање ја донесе синот на Руперт Мурдок, Џејмс Мурдок, кој го предводи европскиот дел од корпорацијата.

Таблоидот веднаш призна дека ги прислушкувал телефоните на политичари, познати личности, и кралски помошници, како и телефони на убиени девојки и загинати војници и дека и плаќал на полицијата за приказните.

Скандалот предизвика голем број на компании веднаш да ги повлечат своите реклами од весникот.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG