Достапни линкови

logo-print

Унцата злато достигна 1600 американски долари


Цената на златото достигна рекордно ниво од 1600 долари за унца на трговските берзи од двете страни на Атлантикот.
Тоа е сигнал за растечката глобална загриженост за американскиот и европскиот долг.
Покачувањето на цената на златото е исто така показател дека инвеститорите се загрижени за вредноста на американскиот долар и еврото.
И покрај растечката цена на златото, сепак таа е се уште пониска од рекордот во 1980 тата година. Тогаш унцата вредеше 850 долари, но тоа денес всушност е еквивалентно на околу 2500 долари.
XS
SM
MD
LG