Достапни линкови

САД со подршка на Индија во борбата против тероризмот


Кришна и Клинтон во Њу Делхи

Кришна и Клинтон во Њу Делхи

Државниот Секретар Хилари Клинтон и вети целосна подршка на Индија
во справувањето со терористичките напади. Таа ова го изјави по средбата со нејзиниот индиски колега С.М. Кришна во Њу Делхи. Пред една недела при бомбашки напади во Мумбаи загинаа 19 лица. Инаку американската државна секретарка Хилари Клинтон, која од синоќа се наоѓа во Њу Делхи, денеска ќе се сретне со индискиот премиер Манмохан Синг. Главни теми на разговорите се очекува да бидат плановите на САД во Авганистан, односите на Индија и Пакистан, како и прашања за економската и трговската соработка.
Најавено е дека Клинтон на средбите ќе говори за демократските вредности кои се заеднички за двете земји и за потребата да се зајакнат односите во образованието, културата и трговијата.
XS
SM
MD
LG