Достапни линкови

Иво Санадер екстрадиран од Австрија во Хрватска


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер синоќа е екстрадиран од Австрија во Хрватска и се наоѓа во загрепскиот затвор Реметинец, потврди хрватското министерство за внатрешни работи. Санадер, кого хрватското правосудство го товари за корупција и злоупотреба на службената положба, е екстрадиран по седум месеци минати во притвор во Салцбург. Во затворот тој ќе ги помине вообичаените процедури, вклучувајќи и лекарски преглед.
Според хрватските медиуми, Санадер ќе биде сместен во еднокреветна соба во женското одделение поради безбедносни причини. Се очекува тој набргу да биде изведен на сослушување во Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал за да се изјасни околу сомневањата со кои се товари.
XS
SM
MD
LG