Достапни линкови

Гранични контроли во шенгенската зона само во вонредни ситуации


Сесилија Малмстрем

Министрите за внатрешни работи на земјите на ЕУ на неформалниот состанок во Сопот, Полска, се договорија дека обновување на граничните контроли во шенгенскиот простор ќе бидат можни само во вонредни ситуации, врз основа на заедничка одлука на сите членки и на многу краток рок. Европскиот комесар за внатрешни работи Сесилија Малмстрем изјави дека шенгенскиот систем и слободата на движење без пасош од Финска до Португалија е неизмерно драгоцен подарок за граѓаните и оти постои желба тој да биде зачуван, како и да се избегнат еднострани одлуки.
XS
SM
MD
LG