Достапни линкови

Средба на претставници на САД и на либиските власти


Муса Ибрахим

Муса Ибрахим

Либиските власти соопштија дека претставници на владата на Моамер Гадафи имале средба со претставници на САД околу поправањето на односите меѓу двете земји, а состанокот го потврдила и американската администрација. Портпаролот на либиската влада Муса Ибрахим изјави дека тоа претставува прв чекор и оти има желба и за натамошни чекори. Не сакаме да бидеме заглавени во минатото, туку сакаме да одиме напред, рече Ибрахим.
Неименуван претставник во Вашингтон потврди дека американски официјални лица неодамна се сретнале со претставници на режимот на Гадафи и оти го повикале либискиот лидер да ја напушти власта. Тој додаде дека Вашингтон не предвидува нови средби со претставници на либискиот режим.
XS
SM
MD
LG