Достапни линкови

logo-print

Охридското Езеро безбедно за капење


Охридско езеро

Охридско езеро

70 отсто од водата во Охридското Езеро е од прва класа, односно безбедна за капење. Со понизок квалитет е водата кај вливот на реката Велгошка, кај Канео, Трпејца, како и кај струшките села Радожда и Калишта.

Од 60 до 70 проценти од земените примероци од водата во Охридското Езеро на македонска страна е од прва класа, додека 30 до 40 проценти се од втора и трета класа, што значи дека најголемиот дел од езерската вода е со добар квалитет, безбедна за капење, спорт и рекреација во екот на летната туристичка сезона. Споредено со физичко-хемиските и микро-биолошките анализи на 30 примероци површинска вода земена во мај, јуни со јули, водата покажува извесно влошување на квалитетот.
Имавме одредена деградација на квалитетот на водата кај вливот на реката Велгошка кај стадионот Грашница и делот на трите реки кои се влеваат, кои се од трета, четврта и петта и класа, и тие го загадуваат Охридското Езеро.

„Имавме одредена деградација на квалитетот на водата кај вливот на реката Велгошка кај стадионот Грашница и делот на трите реки кои се влеваат, кои се од трета, четврта и петта и класа, и тие го загадуваат Охридското Езеро“, вели Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија во Центарот за јавно здравје.

Toj потенцира дека во загадениот дел на сливот на Грашница во Охрид, нема табла со информација дека водата е со лош квалитет и да не се користи за капење, а остануваат и критичните точки на Охридско-Струшкото крајбрежје кои треба да се санираат, каде водата е дозволена за капење, но е со намален квалитет.

Местата кои не се приклучени на колекторскиот систем, главни загадувачи на Охрид

„На тие места постојат објекти кои се уште не се вклучени во колекторскиот систем, тоа е делот кај Сараиште и Света Софија во стариот дел на Охрид, каде има неколку куќи кои, потоа делот кај Канео, каде има куќи кои не се приклучени на пумпата или пак таа некогаш знае да прави проблем, но навреме се пријавува и се санкционира од страна на службите на „Про-аква“. Кај селото Трпејца водата е од втора класа, зошто и таму нема пречистителна станица, туку има септички јами и дел од отпадната вода се влева во езерото, како и кај Струшките села Радожда и Калишта, водата е од втора класа, бидејќи и тој дел не е вклучен на колекторскиот систем“, објаснува Точков.
На тие места постојат објекти кои сеуште не се вклучени во колекторскиот систем, тоа е делот кај Сараиште и Света Софија во стариот дел на Охрид, каде има неколку куќи кои, потоа делот
кај Канео.

Toj апелира угостителските и други објекти кои не се опфатени, да се приклучат на колекторскиот систем, за да не се загадува Охридското Езеро со отпадни, органски и фекални води, за што придонесува и дивото приклучување на атмосферската канализација.

„Колекторскиот систем е речиси заокружен, со неколку критични пунктови, поради неодвоеноста на фекалната канализација од дождовната, на одредени точки во дождливо време, предизвикува излевање и стручњаците од јавното претпријатие кое стопанисува со колекторскиот систем, најавуваат доколку се најдат доволно средства и доколку се вклучи и државата во одржувањето на системот, дека тие црни критични точки ќе бидат надминати и елиминарани“, вели Симон Илиевски, портпарол на општина Охрид.

Според него, локалната самоуправа неодамна исчистила дел од речните корита и ги отстранила фекалните води кај Грашница и Даљан. Интенција е да се приклучат на канализацискиот систем сите населени места по течението на Коселска река, а потоа да се направат и системи за нивно прочистување, а изградбата на колекторски систем од Пештани до Свети Наум е долгорочна стратегија, што чини доста средства и теренски и економски потешко е остварлива. Инаку, последните испитувања покажаа дека и водата во хотелските базени, како и за пиење од градскиот водовод во Охрид е исправна и безбедна.
XS
SM
MD
LG