Достапни линкови

Собранието ги донесе измените на Законот за радиодифузна дејност


Собрание

Собрание

Собранието попладнево, по неколкучасовна расправа, го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузна дејност .
Законот што се донесе по скратена постапка, како предлог текст го поднесоа пратеници од владејачките партии.
Согласно новото решение, бројот на членовите на Советот за радиодифузија се зголемува, од девет на 15. Тие ќе имаат шестгодишен мандат. По двајца од шестте нови членови на Советот ќе предлагаат претседателот на државата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа, а по еден комисиите за заштита на конкуренцијата и за спречување на корупцијата. Измените предизивикаа рекации на релевантните организации и несогласување меѓу пратениците. Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници денеска изразија загриженост за предложените измени на Законот за радиодифузна дејност со кој се предлага зголемување на бројот на членови на Советот за радиодифузија . Тие сметаат дека промената на законот по брза постапка без притоа да се вклучат медиумите, експертите и релевантните организации, дополнително ја комплицира ситуацијата со медиумите.
XS
SM
MD
LG