Достапни линкови

Русија започна воени вежби во Северен Кавказ


Русија денеска започна голема воена вежби на воздухопловните сили во Северен Кавказ . Портпаролот на воздухопловните сили изјавил дека маневрите се најголемите во последните 15 години, и се одвиваат во претежно муслиманскиот регион Кабардино-Балкарија . На вежбата учествуваат борбени авиони и борбени хеликоптери. Вежбите имаат за цел зајакнување на воените капацитети во регионот, откако Москва вети дека ќе ја зајакне безбедноста во пресрет на Зимските олимписки игри кои треба да се одржат во 2014-та. Воените вежби ќе се одржуваат до 10 август.
XS
SM
MD
LG