Достапни линкови

logo-print

Дипломатски спор меѓу Литванија и Австрија


Протести во Вилнус

Протести во Вилнус

Литванија и Австрија денеска се најдоа сред дипломатски спор,откако австриските власти го ослободија поранешен офицер на КГБ кој се сомничи дека е вмешан во масакрот од 1991 година во Вилнус. Литванија го отповика својот амбасадор од Виена и предаде протестна нота до австриските власти. Поранешниот член на КГБ Михаил Голованов беше уапсен на аеродромот во Виена во четвртокот ,но по 24 часа беше ослободен и му беше дозволено да отпатуваат во Москва. Голованот наводно учествувал во нападите на телевизиската зграда во Вилнус, при што загинаа 14 луѓе а стотици беа повредени. Демонстрантите собрани пред австриската амбасада во Вилнус, извикуваат „Срам за Австрија!"
XS
SM
MD
LG