Достапни линкови

Власта не се откажува од „партизацијата“ на СРД


Власта не го прифати барањето на новинарите за повлекување на измените на Законот за радиодифузија.

Власта не го прифати барањето на ЗНМ, МИМ и Синдикатот на новинари и медиумски работници за повлекување на предлогот за измена на Законот за радиодифузија. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вели дека се сретнале со пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и предлагач на законот
За нас веќе е неспорно дека намерата на предлагачите на законот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и на владата се јасни, да остварат целосна контрола врз телото за регулација Советот за радиодифузија.
Влатко Ѓорчев и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, но не наишле на разбирање, ни на објаснување, освен дека со зголемување на бројот на членови на Советот за радиодифузија ќе се зголеми и неговата ефикасност. Според Селмани неприфатливо е во земја каде има проблеми со слободата на медиумите набрзина да се менува закон, без да се консултираат засегнатите страни.

„За нас веќе е неспорно дека намерата на предлагачите на законот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и на владата се јасни, да остварат целосна контрола врз телото за регулација - Советот за радиодифузија.“

Власта сака да оствари целосна контрола врз Советот за радиодифузија, вели Насер Селмани претседател на ЗНМ

Претседателката на синдикатот, Тамара Чаусидис вели дека со измените на законот се става под знак прашалник независноста на медиумите.

„Дисциплинирање на медиумите во крајна рака е дисциплинирање на луѓето кои работат во нив, загрозување на нивното право на професионален и независен ангажаман ослободен од уцени, притисоци и обиди за корупција.“

Директорката на МИМ, Билјана Петковска вели дека ваквиот чекор на власта се коси со препораките на Советот на Европа за регулаторни тела кои треба да бидат избрани во демократска постапка, да немаат политичко влијание и да бидат финансиски независни.
Дисциплинирање на медиумите во крајна рака е дисциплинирање на луѓето кои работат во нив, загрозување на нивното право на професионален и независен ангажаман ослободен од уцени, притисоци и обиди за корупција.

„За жал констатираме дека во сегашниот случај најголем дел од овие препораки не се применети.“

Селмани додава дека ќе испратат писмо до сите странски институции во земјава. Доколку биде изгласан законот ЗНМ ќе го разгледа учеството на нивните членови во Советот за радиодифузија.

„Затоа што на некој начин се минимализира нашето учество во Советот и се деградира позицијата на нашите членови во Советот, затоа што јасна е намерата преку делегирање или преку предлагање на нови членови коишто на еден или друг начин се контролираат од политички партии нашето учество таму навистина би било непотребно.“

Од СДСМ велат дека измените се обид на владејачката партија да ги контролира медиумите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG