Достапни линкови

„Диви“ пазарџии во Куманово


„Диви“ пазарџии на пазарот во Куманово
„Диви“ пазарџии на пазарот во Куманово

Иако има слободни тезги на зелениот и на реонскиот пазар во Куманово, дел од земјоделските производители преферираат да продаваат на тротоарите на импровизирани тезги.

Со тоа не се запазува хигиената на производите,се создава сообраќаен метеж, а како нелојална конкуренција нанесуваат штета на оние што плаќаат тезги, по 50 евра месечно. Но, и во ЈП „Пазаришта“ сметаат дека се губитник и повеќе од една деценија се соочуваат со овој хроничен проблем. Од друга страна пак, струмичките земјоделци од камиони и на импровизирани тезги на паркинг просторот во близина на Спортската сала во крајно несоодветни услови продаваат на големо и на мало.
Дивите тезгаџии запрашани зошто не продаваат во рамките на пазарите, одмавнуваат со рака и одбегнуваат разговор, или пак имаат свое објаснување.
Нема место, малку продавам и само кога е пазарен ден. Нема место и нема тезга, а и да има скапо е. Не можам да плаќам


„Не знаеме.“

Знаете ли дека ќе ве дислоцираат?

„Знаеме“.

„Нема место, малку продавам и само кога е пазарен ден. Нема место и нема тезга, а и да има скапо е. Не можам да плаќам.“

Зошто продавате надвор од пазарот?
Знаеме, но ни дадоа рок да ја продадеме стоката и ако има слободни тезги ќе закупиме

„Не давам изјава“.

„Знаеме, но ни дадоа рок да ја продадеме стоката и ако има слободни тезги ќе закупиме.“

Зошто до сега не закупивте тезга?

„Не е скапо, но има пензионери кои закупиле три тезги, а ние добиваме некаде на страна“, вели Исмет Муаремовски од Лопате.

Фадиљ Шабани директор на ЈП „Пазаришта“

Тезгаџиите во рамките на пазарот велат дека им пречат дивите пазарџии.

„Пречи, пречи како не. Ние плаќаме овдека, а тие таму продаваат.“

„Месечно плаќам по 50 евра. Пречат илјада пати повеќе, ама што можам. Место можеби нема, ама овдека е Зелен пазар и не треба да се продаваат другите дребулии“, вели земјоделец од Слупчане.
Пречи, пречи како не. Ние плаќаме овдека, а тие таму продаваат

Фадиљ Шабани директор на ЈП „Пазаришта“ вели дека ова е проблем на многу градови во змејава. Секоја година се прават обиди за отстранување на дивите продавачи, и оваа година сите надлежни разговарале и зазеле став за надминување на проблемот.

„Конечно не смееме да ги толерираме, мора да ги браниме граѓаните, сите потрошувачи и легалните тезгаџии. Можам да кажам дека тие што имаат внатре тезги продаваат и надвор.“

За продавање и на други дребулии Шабани вели:

„Зелениот пазар во Куманово е најорганзииран и е поделен на три нивоа. Првото е за земјоделски производи, второто за бижутерии и третото за
Конечно не смееме да ги толерираме, мора да ги браниме граѓаните, сите потрошувачи и легалните тезгаџии.
текстил.“

На Зелениот пазар има 500 и на реонскиот 200 тезги,но во вториот само 23 отсто од капацитетот е искористен,вели Шабани. Тој информира дека
локалната самоуправа презема мерки за адаптирање соодветен простор во селото Долно Којнаре каде струмичките земјоделци ќе ги имаат сите неопходни услови за продажба и на големо и на мало. Нивната дислокација ќе се случи набргу,без оглед што тие нерадо го прифаќаат ова решение. Тие сметаат дека во селото нема да имаат промет зашто тамошното население има свои бавчи, а од градот малкумина ќе одат до таму. Шабани вели дека не се сосема во право и дека градот мора да се расчисти, оти струмичките диви тезгаџии создаваат нехигиенски хаос во близина на центарот на градот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG