Достапни линкови

Ирачкиот премиер Ал Малики во посета на Кина


Ирачкиот премиер пристига во Кина

Ирачкиот премиер пристига во Кина

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики денеска ја започна својата прва официјална посета на Кина. Целта на неговата посета, како што наведуваат, е привлекување на повеќе кинески инвестиции во Ирак. Портпаролот на ирачката влада за новинарите во Пекинг изјави дека Ирак побарал Кина да формира фонд за помош со кој ќе се реконструира земјата погодена од војната. Предвидено е денеска Ал-Малики да се сретне со кинескиот премиер Вен Џиабао, а ќе има средба и со претседателот Ху Џинтао.
XS
SM
MD
LG