Достапни линкови

Република Српска- САД да се извинат за случувањата во Југославија


Потпретседателот на Република Српска Емил Влајки ги повика САД да се извинат за многу работи што ги направија на територијата на поранешна Југославија. Влајки, тврди дека на почетокот на 90-тите години на минатиот век САД во БиХ безусловно ги поддржувале муслиманите со цел да го забават обединувањето на Европа. Американците со оружје првенствено ја снабдуваа муслиманската армија на БиХ, а само минимално хрватскиот Совет на одбрана. Таквата политика им овозможи на иранското оружје и на муџахедините да влезат во БиХ. САД би требало да се извинат и поради тоа што за време на војната го кршеа ембаргото за увоз на оружје, изјави Влајки.
XS
SM
MD
LG