Достапни линкови

ЕУ никогаш нема да прими земји кои не се признаваат една со друга


Европската унија никогаш нема да прими земји кои не се признаваат една со друга, изјави во итнервју за „Коха диторе“ германскиот амбасадор во Косово Дитер Штајнбах. Тој изјави дека во текот на процесот на интеграција на Србија и на Косово во ЕУ, ќе биде отворено и прашањето за признавање на независноста на Косово. Штајнбах рече дека независноста на Косово веќе не се доведува во прашање откако земјата ја признале 76 држави, додавајќи дека знае дека процесот на признавање е малку забавен, но и дека верува дека ќе дојде до нови признавања.
XS
SM
MD
LG