Достапни линкови

logo-print

Многу ветувања во владината програма, но колку реално се остварливи?

Зголемување на економскиот раст и вработеноста, интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата... Потоа, одржување на добри меѓуетички односи и спроведување на Охридскиот рамковен договор, како и инвестирање во обраэование, наука и информатичка технологија. Владата ги одреди своите стратешки приоритети во програмата за наредните четири години. На седумдесет и една страница детално се разработени целите и проектите на кои ќе работи старо-новиот владин состав. Откако разговаравме со неколку пратеници на најголемата опозициска партија СДСМ и побаравме нивна реакција за владината програма, бевме препратени да се јавиме на портпаролот на партијата, но и тој беше
Јас сум скептик и не верувам дека кај премиерот и кај ВМРО-ДПМНЕ е променето нешто во
делувањето.

недостапен за коментар. Реакција не добивме ниту од владиниот коалициски партнер ДУИ. Иако неколкупати досега изјавија дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за сите прашања течеле без проблеми, во фер и искрена атмосфера.

Сепак, експертите се сомневаат во вистинските намери да се оствари владината амбициозна програма. Со оглед на речиси истиот владин состав и досегашната негова работа, не верувам дека програмата ќе се
оствари, вели аналитичарот Махи Несими.

Има и реално остварливи цели во владината програма, но има и популизам, велат експертите.

„Јас сум скептик и не верувам дека кај премиерот и кај ВМРО-ДПМНЕ е променето нешто во делувањето“, изјави Несими.

За политикологот Здравко Савески, дел од целите на владата се реално остварливи. За некои од нив граѓаните речиси и не се запознаени, оти тие немаат публицитет во јавноста.

„Се даваат некои ситни добивки кои опфаќаат релативно мал број на популација или опфаќаат поголем дел од популацијата, но се релативно безначајни.“
Се даваат некои ситни добивки кои опфаќаат релативно мал број на популација или опфаќаат поголем дел од популацијата, но се релативно
безначајни.

Но, Савески додава дека постојат и доста мерки кои се повеќе популистички, отколку реални. На пример, тоа дека владата планира до 2015 година да испрати на бања околу 40 илјади пензионери, или пак да воведе телемедицина, што би значело медицина на далечина, он-лајн едукација и набљудување на болните. Систем со кој на наредните избори ќе се гласа преку интернет е исто така дел од мерките предвидени во делот на информатичкото општество.
Досегашното искуство покажа дека дел од мерките кои беа преземени, не ја остварија посакуваната цел, односно тоа што е напишано на хартија, потсетува Савески.

„Со овие мерки не се исполнуваат целите, значи намалувањето на даноци не донесе зголемување на вработеноста.“

Владата предвидува раст на бруто домашниот производ од 4 до 5 проценти до 2013 година, а до 2015 проектира раст до седум насто. Така ќе било доколку(како што пишува) „нема посериозни надворешни нарушувања“. Во владината програма, меѓу другото се најавува отворање на шест регионални канцеларии за засилена промоција за инвестирање во земјава и тоа во Русија, Соединетите Држави, Турција, Германија, Словенија и Кина, а ќе се продолжело и со маркетинг кампањите во странските медиуми.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG