Достапни линкови

logo-print

Нов данок на банките за спас на Грција


Седумнаесетте земји членки на еврозоната сакаат им наметнат данок на банките за го вклучат и приватниот сектор во плаќањето за спас на презадолжената Грција. Според германскиот весник „Ди велт“, данокот ќе се однесува и на банките „што не се директно вклучени во Грција“. Планот предвидува приватниот банкарски сектор да „придонесе во откупот на грчки обврзници“, пишува весникот, но не дава други детали. Членките на еврозоната треба да се сретнат во четврток во Брисел на итен состанок за спас на Грција од банкрот што може да им предизвика проблеми и на другите земји што го користат еврото. „Ди велт“ пишува дека влијателни членови на ММФ се против учеството на фондот во новиот спас за Грција.
XS
SM
MD
LG