Достапни линкови

Шефот на британската полиција поднесе оставка


Уредникот Колин Милер со последниот број на „Њуз оф д ворлд“.

Уредникот Колин Милер со последниот број на „Њуз оф д ворлд“.

Шефот на британската полиција, Пол Стивенсон, си поднесе оставка по скандалот со прислушкување телефони. Полицијата ги истражува обвинувањата дека сега веќе згаснатиот таблоид „Нуз оф д ворлд“ ја пробил говорната пошта на стотици славни луѓе, политичари, новинари од конкурентски медиуми, загинати британски војници и убиени тинејџери.

Стивенсон изјави дека не знел дека тоа се случува и оти неговиот интегритет е „целосно ненарушен“. Стивенсон се соочи со критики зашто го вработил како советник поранешниот директор на „Њуз оф д ворлд“, Нил Валис, кој бил испрашуван од полицијата.

Британската полиција е мета на критики и поради обвинувањата дека полицајци добивале пари за да им откриваат екслузивни информации на новинарите на весникот, како и дека не правеле доволно за да се расчисти скандалот со прислушкувањето.

Претходно, полицијата ја уапси поранешната уредничка на весникот Ребека Брукс, но ја ослободи со кауција само неколку часа откако Стивенсон си поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG