Достапни линкови

logo-print

Мубарак не е во кома


Архива: Хосни Мубарак.

Архива: Хосни Мубарак.

Главниот доктор на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, доктор Асем Азам, ги демантираше тврдењата дека соборениот претседател паднал во кома. Тој вели дека на Мубарак му паднал крвниот притисок, но оти сега е стабилен.
Претходно, адвокатот на соборениот претседател соопшти дека неговиот клиент e во кома. Мубарак беше соборен од власт во февруари. По инфарктот што го доживеа за време на едно сослушување, тој се наоѓа во болница во Шарм ел-Шеик. Тој е обвинет за корупција и за давање наредба за убивање на демонстрантите. Судењето треба да почне на 3 август.
XS
SM
MD
LG