Достапни линкови

Повредени полицајци во Тунис


Архива: Протести во Тунис на 8 мај 2011 година.

Архива: Протести во Тунис на 8 мај 2011 година.

Шестмина туниски полицајци се повредени, од кои четворица сериозно, во серијата ноќни напади врз полициски станици и јавни установи ширум земјата, соопштува тамошното Министерство за внатрешни работи. Најсериозниот напад се случил во градот Менцел Бургуиба, каде што гневна толпа упаднала во една полициска станица. Четворицата потешко повредени полицајци се на интензивна нега. Тензиите се зголемија во петокот кога полицијата насилно разби неколку стотини луѓе што сакаа да протестираат пред владините згради.
XS
SM
MD
LG