Достапни линкови

Истрага за украденото оружје во Романија


Мостот на пријателството, што ги поврзува романскиот град Ѓурѓу и бугарскиот Русе.

Мостот на пријателството, што ги поврзува романскиот град Ѓурѓу и бугарскиот Русе.

Романското воено обвинителство се заинтересира за случајот со крадење воена опрема од воз, што требало да биде извезена во Бугарија. Воената полиција од градот Ѓурѓу, што се наоѓа на границата со Бугарија го известила военото обвинителство во Букурешт дека железничарите нашле скршени пломби и отворена врата на возот со воена опрема. Воената полиција соопшти дека деловите од опремата не се опасни, но може да станат ако се состават. Бугарските власти соопштија дека крадците заминале со четири сандаци со детонатори, дел од поголема пратка со оружје договорена меѓу двете земји. Пратката била наменета за воената фабрика во Сопот во централна Бугарија.
XS
SM
MD
LG