Достапни линкови

Рударска несреќа во Русија, двајца рудари се исчезнати


Руски спасувачки екипи се обидуваат да ги пронајдат двајцата рудари кои се водат за исчезнати по лизгање на земјиштето во еден рудник кој се наоѓа на 1.200 километри североисточно од Москва. За време на несреќата 79 рудари биле во рудникот во регионот Коми. Седумдесет и шест од нив веднаш биле спасени, еден бил извлечен речиси 24 часа по лизгањето на земјиштето, а двајца се уште се водат за исчезнати. Од Министерството за вонредни ситуации соопштија дека не се знае дали исчезнати рудари се уште се живи.
XS
SM
MD
LG