Достапни линкови

Претседателството на БиХ повика да се избере премиер


Парламентот во БиХ

Колективното претседателство на Босна и Херцеговина денеска ги повика политичките партии застапени во Парламентот да најдат решение за избор на претседател на Советот на министри на БиХ, со што би се ставил крај на политичката криза во земјата, која се уште нема добиено нова централна влада по изборите одржани лани во октомври. За да биде избран, кандидатот за премиер треба да добие мнозинство гласови во Претставничкиот дом на Парламнетарното собрание на БиХ, при што за него мора да гласаат и мнозинството од пратениците од двата конститутивни ентитети.
XS
SM
MD
LG