Достапни линкови

Во Турција протести против Курдска работничка партија


турски трупи

турски трупи

Неколку илјади луѓе учествуваа денеска на протестите во Истанбул и Анкара против сепратистичката Курдска работничка партија чии членови во четвртокот од заседа убија 13 турски војници. На протестот во Истанбул учествувале над 5.000 луѓе кои извикувлае „Не на тероризмот“ и „Долу ПКК“. Во Анкара пак протестирале околу 4.000 луѓе . Двата собири беа организирани преку социјалната мрежа „Фесјбук“.
Во четвртокот во реонот на градот Силван, припадници на ПКК убија 13 турски војници а 7 беа повредени.
XS
SM
MD
LG