Достапни линкови

logo-print

ОН доставуваат помош за африканските земји погодени од суша


Од ОН денеска доставуваат помош за африканските земји погодени од сушата. Портпаролот на Високиот комесар за бегалци Рон Редмонд во Најроби изјави , дека агенцијата ќе достави шатори за бегалците од Сомалија кои бегаат поради сушата. Тој најави дека ќе бидат доставени 1.000 тони шатори, за да се сместат бегалците. Од Етиопија и од Кенија, дневно доаѓаат околу 3.000 бегалцим велат од ОН. Според нивните податоците, од почетокот на јули повеќе од 11 илјади луѓе од Сомалија пристигнале во Етиопија, а повеќе од 8.600 во Кенија. Претходно од ОН доставиле помош до погодените региони од суша во Сомалија, делови кои се контролирани од милитанти поврзани со Ал Каеда. Ал Шабаб ја укинаа забраната и дадоа зелено светло помошта од ОН да им биде доставена до оние на кои им треба.
XS
SM
MD
LG