Достапни линкови

Британија-Ребека Брукс уапсена за скандалот за прислушкување


Руперт Мардок и Ребека Брукс

Руперт Мардок и Ребека Брукс

Поранешната шефица на британскиот дел од медиумската корпорација на Руперт Мардок, Ревека Брукс, е уапсена за скандалот со телефонското прислушкувања, тврдат британските медиуми.
Британската полиција потврди дека денеска уапсиле 43-годишна жена во врска со наводите за телефонско прислушкување и корупцијата, но не го потврдија нејзиниот идентитет. Полицијата веќе уапси девет луѓе вмешани во скандалот со прислушкувањето на познати личности, политичари , новинарски ривали, војници. Скандалот доведе до затварање на најпродаваниот британски весник, таблоидот „Њуз оф д ворлд“. Четириесет и три годишната уредничка во петок си поднесе оставка на функцијата.
XS
SM
MD
LG