Достапни линкови

Реконструкција на владиниот кабинет во Египет


Премиерот на Египет

Премиерот на Египет

Египетскиот премиер Есам Шариф денеска назначи нов министер за финансии, во обидот да направи реконструкција на владата за да ги задоволи барањата на граѓаните. Луѓето во изминатите денови повторно излегоа на улиците да протестираат за да извршат притисок за побрзо спроведување на реформите и за брзо судење на соборениот претседател Хосни Мубарак. Доцна синоќа премиерот ја прифати оставката на министерот за надворешни работи Мохамед ал-Ораби , кој беше критикуван дека бил близок до Мубарак. Целоснатата листа на владиниот кабинет се очекува да биде откриена до утре.
XS
SM
MD
LG