Достапни линкови

Наумовски даваше отчет за својата работа како вицепремиер


Васко Наумовски

Васко Наумовски

Македонија, на крајот на 2009 година ги исполни политичките критериуми за членство во ЕУ, и доби препорака од Европската комисија за почеток на преговорите за полноправно членство, која беше повторена и минатата 2010 година, но спорот за името не дозволи да ги започнеме преговорите за членство, иако ги исполнивме сите услови за тоа, изјави вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски. Тој денеска даваше отчетот по повод завршувањето на неговиот двегодишен мандат во Владата во заминување. Наумовски изјави дека во однос на законодавството, во периодот јули 2009 – јули 2011 година, беа подготвени и усвоени 147 европски закони и 470 подзаконски акти, преку кои се транспонирани над 900 европски регулативи, директиви или одлуки. Резултатот во овие две години, додаде, преставува над 35 отсто од вкупниот број на усогласени закони од почетокот на овој процес пред повеќе години
XS
SM
MD
LG