Достапни линкови

logo-print

Османи направи рекапитулар за своето министерување


 Министерот за здравство Бујар Османи

Министерот за здравство Бујар Османи

Од 2008 досега е вложено многу во модернизација на здравството, но најважно од се е вратениот оптимизам кај пациентите во здравствениот систем, кој по 20 години запоставеност нуди поквалитетна дијагностика и третман, рече министерот за здравство во заминување Бујар Османи на прес-конференција за позначајните проекти што ги спровел за време на тригодишниот министерски мандат. Реформа што ја планирал, а не успеал да ја заврши е здравственото осигурување.
Како главни проекти што ги реализирал Османи ги наведе модернизацијата, набавката на нова опрема, како и реконструкција и доградба на болници и јавни здравствени установи во голем број оптшини низ Македонија, трансформација на Воената болница во Градска болница, над 300 вработувања на здравствени работници, донесувањето на закон за трансплантација на човечки ткива и органи, и уште многу други проекти и стратегии.
XS
SM
MD
LG