Достапни линкови

Започна предавањето на контролата на безбедноста во Авганистан


НАТО-силите предводени од Соединетите држави денеска официјално започнаа со предавањето на контролата на безбедност во земјата на авганистанската полиција и армија. По тој повод беше одржана церемонија во централниот дел на провинцијата Бамијан. Церемонијата била дисретна, не била најавена од претходно и се одвивала без присуство на медиумите. Претседателот Хамид Карзаи, кој долго инсистираше да започне предавањето на одговорностите ,не присуствувал на настанот. Во првата фаза од предавањето се вклучени 7 провинции во Авганситан. Безбедносни извори велат дека постојат сериозни стравувања од талибански напади во некои од седумте области.
XS
SM
MD
LG