Достапни линкови

Од воз украдени четири контејнери со детонатори за ракети


Украдени се четири контејнери со детонатори за ракети од еден воз кој патувал од романскиот град Брашов кон Бугарија. Романските медиуми, јавуваат дека при проверка на возот на границата меѓу Романија и Бугарија, било констатирано дека недостасуваат четири контејнери со вкупно 64 детонатори за боеви ракети. Од романското Министерство за одбрана изјавија дека транспортот на муницијата не бил во нивна надлежност и дека за безбедноста на возот била задолжена полицијата. Медиумите наведуваат дека се претпоставува оти детонаторите биле украдени за да бидат продедени како старо железо.
XS
SM
MD
LG