Достапни линкови

Театарска трилогија во МНТ - Made in Macedonia


„Направено во Македонија“ проект на МНТ

„Направено во Македонија“ проект на МНТ

„Копнеж по целината“, работен според опусот на академик Матеја Матевски и во режија на Ристе Алексовски, е првиот дел од трилогијата НАПРАВЕНО ВО МАКЕДОНИЈА, проект на МНТ.

Македонскиот народен театар е исправен пред нов предизвик. По враќањето на т.н железен репертоар да го врати и театарот на поезијата. Во тие рамки Копнеж по целината, работен според опусот на годинешниот добитник на Златниот венец на поезијата и академик Матеја Матевски, е првиот дел од трилогијата НАПРАВЕНО ВО
Овој проект некако решивме да го посветиме на македонскиот јазик, на нашиот идентитет, на нашата култура и во крајна сметка на ансамблот кој ќе има можност да создава еден нов специфичен сценски јазик.

МАКЕДОНИЈА, во чии рамки уметниците од оваа наша национална куќа ќе се обидат и стиховите на македонските великани како Блаже Коневски и Влада Урошевиќ да ги престорат во автентични и живи драмски ситуации.

„Овој проект некако решивме да го посветиме на македонскиот јазик, на нашиот идентитет, на нашата култура и во крајна сметка на ансамблот кој ќе има можност да создава еден нов специфичен сценски јазик“, вели Дејан Пројоковски, уметнички директор на МНТ.

Од своја страна, пак, академик Матевски, кој годинава ќе биде и македонски кандидат за Нобеловата награда, а кој творечки бил присутен и во театарот, ќе забележи:

Дејан Пројковски, уметнички директор на МНТ

„Мене ми е многу драго и почестен сум што колегите од нашиов театар во нивната благородна идеја и во нивната ориентација во континуитет да преставуваат наши автори, се определија за моето творештво и јас сум во очекување на крајниот резултат - како, колку, што е прочитано од она што јас сум го пишувал.“

Режисер на „Копнеж по целината“ е Ристе Алексовски, кај за проектот за кој веќе е забележано дека ќе наликува на поставките досега видени на МОТ, знае да каже:
Мене ми е многу драго и почестен сум што колегите од нашиов театар во нивната благородна идеја и во нивната ориентација во континуитет да преставуваат наши автори, се определија за моето творештво и јас сум во очекување на крајниот резултат.

„Тоа што јас и моите колеги пред се се обидовме да направиме е да најдеме еден сублимат на творештвото на академик Матевски.“

Во претставата настапуваат актерите Катина Иванова, Борче Начев, Гораст Цветковски, Игор Георгиев, Магдалена Ризова Черних и Арна Шијак, која откако ќе си спомене дека поезијата веројатно е нејзината прва друшка со која другарува откога ги научила буквите, истакнува:

„Се надевам дека од она што поезијата го кажува и премолчува, ние успеваме да ги извлечеме сите нишки и тоа гласно, тивко и моќно да го изартикулираме. Чест ми е тоа што тоа беше речта на Матеја Матевска, чест ми е што тоа беше дарбата на сите мои колеги.“

Кон ова само уште информацијата дека драматург на пиесата е Јелена Лужина, за сцената и костимите се погрижи Мери Георгиевска, а автор на музиката е Горан Трајковски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG