Достапни линкови

logo-print

Озрачено говедско месо се продава на пазарите во Јапонија


Контаминирано говедско месо се продава на пазарите во Јапонија, соопштија од втората по големина малопродажна компанија во Јапонија. Од таму велат дека месото од животните кои јаделе озрачена храна, се нашла во продажба во повеќе од десетина продавници во и околу Токио. Веќе имаше случаи кога се продаваше озрачен зеленчук, чај, млеко, морска храна и вода. Загриженоста за исправноста на храната расте по катастрофата со нуклеарната централа Фукошима која беше сериозно оштетена од земјотресот и цунамито пред 4 месеци. Луѓето се загрижени за исправноста на храната и покрај тоа што властите велат дека нивото на радијација не претставува здравствена закана.
XS
SM
MD
LG