Достапни линкови

ОН доставија помош до сушните региони во Сомалија


ОН доставиле помош до погодените региони од суша во Сомалија, делови кои се контролирани од милитанти поврзани со Ал Каеда. Ал Шабаб ја укинаа забраната и дадоа зелено светло помошта од ОН да им биде доставена до оние на кои им треба. УНИЦЕФ минатата недела изјави дека се потребни 31.8 милиони долари за наредните три месеци за да им се помогне на милиони погодени жени и деца. Се проценува дека повеќе од два милиони деца во регионот се неухранети и дека им треба итна помош, додека околу 500 илјади живет во услови опасни за нивниот живот.
XS
SM
MD
LG