Достапни линкови

Аргентина-Иран да ги предаде осомничените за терористичкиот напад


Министерот за одбрана на Иран

Министерот за одбрана на Иран

Аргентинските власти го повикаа Иран да им ги предаде осомничените за терористичкиот напад извршен во 1994-та. Тогаш во Аргентина беше нападната зградата на една еврејска добротворна организација, при што загинаа 85 луѓе. Претходно од иранското Министерство за надворешни работи преку соопштение јавија дека се подготвени на конструктивен разговор со аргентинската влада. Израел го обвини Техеран и либанската шиитската милиција Хезболах за извршување на нападот. Аргентина издаде налози за апсење на иранскиот министер за одбрана Ахмад Вахиди и за уште 5 други луѓе кои наводно го планирале и спровеле бомбашкиот напад. И Иран и Хезболах, постојано негираат дека се вмешани во случајот.
XS
SM
MD
LG