Достапни линкови

Борбите во Либија продолжиле и во текот на ноќта


Серија експлозии се слушнале ноќеска источно од либискиот главен град Триполи. Небото го осветлувале експлозии а можело да се забележат и облаци од чад. Претходно во текот на денот либискиот лидер Моамер Гадафи изјави дека никогаш не би ја напуштил земјата на своите предци. Неговиот коментар дојде по меѓународните разговори на кои повторно беше повикано Гадафи да си оди од власт. Бунтовниците велат дека напредуваат кон териториите на Гадафи. Тие сега го завземаат клучниот нафтен центар Брега.
XS
SM
MD
LG