Достапни линкови

Сириската опозиција формира Национален ослободителен совет


Протестен марш во Дамаск

Протестен марш во Дамаск

Сириската опозицијата на средбата во Истанбул избра Национален ослободителен совет. Советот е составен од 25 члена , меѓу кои има исламисти, либерали и независни пратеници. На конгресот присуствувале околу 350 луѓе, многумина од нив бегалци од Сирија . Учесниците на Конгресот биле поделени околу прашањето дали да се формира Влада во чекање или да се почека да се види како ќе се развива востанието. На крај се договориле да се формира советот кој денеска треба да назначи 11-члена Комисија. Средбата се одржа еден ден по најголемите демонстрации досега во Сирија. Во петокот, владините безбедносни сили во обиди да ги задушат протестите убија најмалку 32 цивили, вклучувајќи 23 во главниот град Дамаск
XS
SM
MD
LG