Достапни линкови

Египет-премиерот треба да го објави новиот владин кабинет


Премиерот на Египет, Есам Шараф

Премиерот на Египет, Есам Шараф

Египетскиот премиер Есам Шараф ја прифати оставката на министерот за надворешни работи Мохамед Ел-Ораби, јави египетската државна телевизија. Шараф минатата недела вети реконструкција на Владата откако граѓаните на Египет продолжија со протести во центарот на Каиро. Тие протестираа за да извршат притисок за побрзо спроведување на реформите и за брзо судење на поранешниот претседател Хосни Мубарак. Денеска се очекува Шараф да го објави својот нов кабинет .
XS
SM
MD
LG