Достапни линкови

Чавез заминува во Куба на хемотерапија


Прослава за враќањето на Чавез во Венецуела, 4 јули

Прослава за враќањето на Чавез во Венецуела, 4 јули

Претседателот на Венецуела Уго Чавез денеска најави дека наскоро ќе замине пак за Куба за да почне со хемотерапија. Чавез досега здраствената состојба ја држеше во тајност, иако се знаеше дека неодамна беше во Куба каде му беше направена операција. Тој пред претседателската палата во Каракс изјави дека заминува во наредните денови за да започне со втората фаза од лекувањето. Чавез во јуни се оперираше од тумор на рбетот, а во Венецуела се врати на 4 овој месец.
XS
SM
MD
LG