Достапни линкови

logo-print

Премиерот Груевски присуствуваше на погреб на Ото фон Хабсбург


Otto Habsburg, 2004

Otto Habsburg, 2004

Премиерот Никола Груевски денеска во Виена присуствува на погребот на австрискиот надвојвода Ото фон Хабсбург, кој почина на 4-ти овој месец на 98 години,. На комеморацијата присуствуваат претседателот на Европскиот парламент Јиржи Бузек, претседателите на Австрија и Грузија, Хајнц Фишер и Михаил Саакашвили, бугарскиот цар, романскиот крал, австрискиот премиер, министрите за надворешни работи на Австрија и Чешка, како и други политичари и претставници на кралски семејства од Европа, соопшти Секторот на Владата за односи со јавноста. Ото фон Хабсбург беше е син на Карло Први, последниот император на Австро-Унгарија и наследник на династијата Хабсбург.
XS
SM
MD
LG