Достапни линкови

logo-print

Седум луѓе загинале во северозападен Пакистан


Седум луѓе загинале денеска во Пакистан, кога нивното возило било нападнато од непознати вооружени луѓе во проблематичниот северозападен регион долж границата со Авганистан. Нападот се случил во близина во областа Курум, еден од седумте окрузи каде војската минатата недела започна операција против милитантите. Властите сметаат дека станува збор за религиско насилство, затоа што сите жртви се сунитски муслимани. Областа Курум е погодена од насилство меѓу шиитските и сунитските секти, а напорите за нивно помирување не успеаа. Минатата недела, Владата мораше да испрати илјадници војници за смирување на тензиите.
XS
SM
MD
LG