Достапни линкови

Путин нема да ја добие наградата Квадрига


Статуетката Квадрига

Статуетката Квадрига

Германската фондација Веркштат Дојчланд која ја доделува наградата Квадрига се откажа од церемонијата на доделувањето на наградата во услови на се пожестоки критики заради изборот, оваа година наградата да ја добие рускиот премиер Владимир Путин. Од фондацијата велат дека со наградата имале намера да одадат почит за тоа што Путин дорпинел за постигнување поблиски односи со Германија. Но, сега се изненадени од критиките и затоа се повлекуваат од церемонијата. Наградата секоја година се доделува на луѓе кои покажале граѓанска храброст. Путин таа награда требаше да ја добие на 3 октомври, националниот ден на Германија.
XS
SM
MD
LG