Достапни линкови

На двете вечери на Пивофест испиени над 50 тони пиво


За две вечери на Пивофест во Прилеп се испиле вкупно 50 тони пиво, соопштија организаторите на фестивалот. На двете фестивалски вечери имало седумдесетина илјади посетители, а се изеле околу 25 тони скара. Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески очекува за викендот да се надмине посетеноста на Пивофест од изминатите години. Третата фестивалска вечер е посветена на фолк музиката. Утревечер на последниот ден од Пивофест ќе настапи балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ.
XS
SM
MD
LG