Достапни линкови

Брачен пар од дојранско почина од струен удар


Архива

Архива

Брачен пар од дојранско почина синоќа како последица на струен удар, соопшти денеска полицијата. Несреќата се случила при наводнување на земјоделски култури во пластеници. Затоа што не им се гледало внатре во пластеникот вклучиле сијалици инсталирани со обичен кабел кој на едно место бил оштетен. Мажот се фатил за жицата по што се здобил со струен удар. При обидот да му помогне на својот сопруг и жената се здобила со струен удар, од што и двајцата починале.
XS
SM
MD
LG