Достапни линкови

Пакистанскиот претседател Зардари ќе го посети Иран


Зардари и Ахмадиниџед

Зардари и Ахмадиниџед

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари денеска ќе го посети Техеран. Се очекува тој да се сретне со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и со врховниот лидер Али Хамнеи. На средбите ќе се разговара за билатералните односи и за регионалните прашања, велат од амбасадата на Иран во Пакистан. Зардари пред неполн месец го посети Техеран за време на Самитот за борба против тероризмот. На маргините на Самитот Иран, Пакистан и Авганистан се согласија да соработуваат повеќе во борбата против милитантите.
XS
SM
MD
LG