Достапни линкови

logo-print

И Хавел против тоа Путин да ја добие наградата Квадрига


Статуетката што треба да ја добие Путин

Статуетката што треба да ја добие Путин

Поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел се закани дека ќе ја врати престижната награда Квадрига ако оваа година истата награда му биде врачена на премиерот на Русија Владимир Путин. Чешките медиуми пишуваат дека Хавел и директорот на хуманитарната организација „Човек во неволја“,Симон Панак кој е еден од водачите на кадифената револуција, сериозно размислуваат да ги вратат наградите и да напишат протесно писмо да жири комисијата што ја доделува наградата. Наградата секоја година ја доделува германското здружение Веркстат Дојчланд на луѓе кои покажале граѓанска храброст. Путин таа награда треба да ја добие на 3 октомври, националниот ден на Германија. Според оценките на жирито Путин ја стабилизирал неговата земја, и понатмау ја води во стабилност и просперитет во склад со националниот идентитет.
XS
SM
MD
LG